Радио Милева за предавствата

Анастасија Ражнатовиќ се огласи од Мадрид по бурните муабети: „Најблиските ќе те изневерат и ќе зборуваат лошо зад твојот грб“

Анастасија Ражнатовиќ се огласи од Мадрид по бурните муабети: „Најблиските ќе те изневерат и ќе зборуваат лошо зад твојот грб“

Познатата млада пејачка Анастасија Ражнатовиќ, која неодамна со својот сопруг, фудбалерот Немања Гудељ и нивниот новороден син Илијан се пресели во нивниот нов луксузен дом во Мадрид, предизвика вистинска еуфорија и загриженост со својата последна порака на социјалните мрежи.

Откако подолг период уживаше во семејниот мир и ретко коментираше естрадни теми, Анастасија реши да сподели исклучително моќен и прилично остар цитат кој многумина го протолкуваа како директен удар кон нејзините поранешни пријатели.

Пораката испратена директно од Шпанија гласи:

„Луѓето ќе зборуваат лошо зад твојот грб и ќе те изневерат како твојата добрина никогаш да не постоела, но ти продолжи понатаму“.

Оваа нејзина интригантна изјава веднаш покрена лавина шпекулации на Балканот околу тоа кој точно ја разочарал младата мајка и ја натерал јавно да ги отворат картите за предавствата на блиските луѓе.

фото:Instagram printscreen/raznatovicanastasija

To top