Радио Милева љубовни маки

„Ни се разделија патиштата“: Милица Тодоровиќ потврди дека раскинала со своето момче

„Ни се разделија патиштата“: Милица Тодоровиќ потврди дека раскинала со своето момче

Пејачката Милица Тодоровиќ обелодени дека раскинала со Лазар Граниќ од Нови Сад.

Милица сега откри дека двајцата повеќе не се заедно, но дека остануваат во добри односи.

„Точно е, јас и Лазар не сме заедно. Само што се разделивме. Останавме во добри односи, се слушаме одвреме-навреме и толку“, изјавила Милица за „Блиц“.

Потсетуваме дека пејачката и претходно отворено проговори за врската со Лазар.

„Моите родители никогаш не се мешале во љубовните врски, неговите родители се прекрасни. Славица е прекрасна, еве, ја поздравувам“, изјави тогаш за „Курир“.

Вели и дека Лазар е прилично срамежлив. „Тој е срамежлив, а јас сум спротивното. Тој е и убав, но јас не го гледам само на изгледот. Ме нервира што пишуваат „Милица најде манекен“, сакам да го извалкам, но не можам“, додаде пејачката.

фото: printskrin/instagram/milicatodorovicofficial/ Фејсбук/Lazar Granic

To top