Лице в лице

Кристиан Шопов во „НИШТО ЛИЧНО“: „Драган Вучиќ беше единствениот што ми даде шанса во неговата емисија и да се презентирам и да заработам од спонзорите“ (ВИДЕО)

Кристиан Шопов во „НИШТО ЛИЧНО“:  „Драган Вучиќ беше единствениот што ми даде шанса во неговата емисија и да се презентирам и да заработам од спонзорите“ (ВИДЕО)

Некои деца сонуваат да станат фудбалери, други пејачи, актери или лекари. Кристиан Шопов уште како дете знаел дека го привлекува нешто поинакво – светот во кој невозможното изгледа возможно, предметите исчезнуваат, луѓето се појавуваат од празни кутии, а публиката со неверување се прашува: „Како го направи тоа?“

Неговата детска желба била да стане илузионист, а една од најголемите инспирации му бил светски познатиот американски магионичар Дејвид Коперфилд. Но, меѓу детската фасцинација и вистинската магија постоела една голема пречка: Во тоа време немало интернет, немало лесно достапни туторијали, ниту бескрајни видеа со објаснувања на магични трикови.

Она што го немал како извор на информации, Кристијан го надоместувал со нешто што ниту една технологија не може да го замени – фантазијата.

Но, кога ќе се погледне целиот негов пат, се добива приказна што е многу поширока од биографија на изведувач на магични трикови. Кристијан ја започнал својата приказна со фантазија, ја продолжил со образование и претприемништво, а низ годините ја надополнил со еколошки и хуманитарни проекти.

За првата фсцинација со магијата, почетоците, растежите и падовите, ТВ настапите средбите и соработката со Ристо Самарџиев, Игор Џамбазов, Драган Вучиќ, за периодот на тешките здравствени проблеми, еколошко-хуманитарната нота во неговата работа, за се што се знае и не е познато…

Лице в лице со Кристиан Шопов, магионичар, илузионист, хуманост, екологист, економист… Приказна за еден детски сон што одбил да остане само сон, па прераснал во професија и начин на живот.

Целиот поткаст со него како и сите други досегашни изданија на „НИШТО ЛИЧНО“ ќе ги најдете во секое време, 24/7 и тоа 365 дена во годината, ексклузивно само на   YouTube каналот на КурирМК (

To top