ТВ-водителката Бојана Лазиќ на својот профил на Инстаграм сподели фотографија од својот син, на кого е многу горда.
Таа покажа дека нејзиниот син пораснал, а покрај фотографијата напиша „Моето богатство“, придружено со песна од Здравко Чолиќ.
Бојана го доби синот за време на бракот со Жарко Лазиќ, но парот на крајот одлучи да се раздели.

Да потсетиме, Лазиќ претходно зборуваше за своите идни планови и откри дека купила стан.

„Својот стан го купив пред две години. Се надевам дека синот ќе ми го купи следниот – под услов да биде вреден и трудољубив. Јас ќе му го оставам својот, а тој може да ми набави нов, зошто да не? Сигурно нема да ме прати во дом за стари лица“, изјави водителката за медиумите.
Foto: Printscreen/Instagram/bojanalazic00





