Радио Милева искрено признание

„Сексот е премногу работа“: Бен Афлек шокираше со признание за интимниот живот – откри зошто повеќе нема односи!

Познатиот холивудски актер без задршка проговори за сексуалниот живот, годините и заморот, а неговите зборови предизвикаа големо внимание.

„Сексот е премногу работа“: Бен Афлек шокираше со признание за интимниот живот – откри зошто повеќе нема односи!

Холивудскиот актер Бен Афлек повторно го привлече вниманието на јавноста, но овојпат не поради нов филм или љубовна романса, туку поради неочекувано искрено признание за својот интимен живот.

За време на гостувањето во емисијата „SubwayTakes with Kareem Rahma“, актерот отворено проговори за сексуалните односи и призна дека тие повеќе не се дел од неговото секојдневие.

Разговорот започнал додека актерот и водителот се возеле со метро и разговарале за книгата „Sex for Dummies“. Кога водителот забележал дека младите денес сè поретко имаат сексуални односи, Афлек одговорил со доза хумор.

„Прилично сум стар. Во мое време имав секс“, изјавил актерот.

Но, вистинското изненадување следувало кога водителот директно го прашал дали тоа значи дека повеќе воопшто нема сексуални односи.

„Не. Затоа што сега сум уморен, а сексот е голема работа. Особено ако сакаш да го направиш како што треба“, одговорил Афлек, без многу двоумење.

Неговото признание дополнително го привлече вниманието бидејќи актерот, кој со години важи за еден од најпосакуваните холивудски мажи, очигледно има поинакви приоритети во оваа фаза од животот.

Љубовта моментално не му е приоритет

По бурниот љубовен живот и разделбата со Џенифер Лопез, Афлек, според медиумските извештаи, засега не е заинтересиран активно да бара нова партнерка.

Наместо романтични состаноци и нови врски, актерот поголемиот дел од времето го посветува на професионалните обврски и семејството.

Покрај актерската кариера, Афлек работи и како режисер и продуцент, а особено внимание им посветува на своите три деца – Вајолет, Фин и Семјуел, кои ги има од бракот со поранешната сопруга Џенифер Гарнер.

Иако неговите зборови звучат како прилично необично признание за холивудска ѕвезда, Афлек со својот препознатлив хумор покажа дека нема проблем јавно да зборува за теми што многумина претпочитаат да ги задржат за себе.

 

To top