Пејачката Милица Тодоровиќ неодамна имаше посебна причина за славење – го прослави својот 36. роденден, а по тој повод на социјалните мрежи постојано пристигнуваат честитки од пријателите, соработниците и најблиските.
Милица Тодоровиќ на Инстаграм сподели објави со кои драгите луѓе ѝ ги упатија најубавите желби, а посебно внимание привлече честитката од нејзината мајка Јасмина, која со емотивни зборови покажа колку ѝ значи нејзината ќерка.
„Мајка ти те сака, бисеру мој. Среќен роденден“, напишала Јасмина во роденденската честитка, а нејзините зборови ги разнежнија многумина.
Милица, која со години е присутна на музичка сцена, денес ужива во вниманието на најблиските, кои се потрудиле да ѝ го разубават денот со убави желби и пораки.

Милица отворено зборуваше и за својата физичка трансформација и за борбата со килограмите по породувањето.
„Ослабев 24 килограми откако се породив! Ми остануваат уште околу 8 до 10 килограми за да можам да снимам нови спотови“, откри пејачката.
Таа го откри и здравствениот проблем со кој се соочува.
„Имам проблеми со инсулинот. Имам лек со кој се боцкам и така го регулирам инсулинот, а хормоните полека се враќаат во нормала“, рекла Милица во емисијата „Stars Show“.
Открила и зошто никогаш не пие алкохол пред да излезе на сцената.
„Нема шанси да пијам пред настап. Пробав во помладите години, кога немаш искуство, па некој ќе ти каже: „ Напи се нешто за да ти се отвори грлото“. Кај мене грлото се затвора и не можам ништо да направам! Затоа не ми треба алкохол. И вака сум луда, замислете дури и да се напијам!“, раскажала пејачката.
Ако веќе мора да избира пијалак, нејзиниот избор секогаш е јегер, бидејќи е сладок, додека од жестоките пијалаци ја полазуваат морници.
Foto: Printscreen/ Instagram/ milicatodorovicofficia






