Радио Милева милионски имот

Неда Украден поседува недвижности вредни 4,5 милиони евра: „Од една песна купив стан“

Неда Украден поседува недвижности вредни 4,5 милиони евра: „Од една песна купив стан“

Неда Украден пред неколку години купила стан во Загреб, со површина од 75 квадратни метри. Пејачката одлучила да се обезбеди, па купила и две гаражи во истата зграда, секоја со површина од 18 квадратни метри.

Станува збор за трособен стан со две спални соби, дневна соба, бања, посебен тоалет, кујна и тераса. Според пишувањата на хрватскиот портал „Империјал“, Неда за оваа недвижност издвоила 117.000 евра.

Познато е дека Неда и претходно поседувала два стана на Баново Брдо, со вкупна површина од околу 200 квадратни метри, а пред две години купила стан во населбата „Белград на вода“, и тоа на име на нејзината ќерка Јелена Билбија. Се проценува дека вредноста на овој стан изнесува околу 400.000 евра.

„Порано од изведувачките и авторските права се живееше одлично. Од плочата „Зора је сванула“ изградив куќа во Имотски. Од плочата на која беше песната „Боли, боли“, во 1987 година купив стан во Белград. И тоа само од авторските хонорари и приходите што ми ги исплатија дискографските куќи“, смета Украден.

Исто така, во Имотски таа поседува и апартмани што ги издава, заработувајќи и на тој начин. Вредноста на зградата се проценува на околу два милиони евра. Неда вложила и 200.000 евра во реновирањето на куќата во Имотски, која била урната во 1992 година, а при обновата изградила и базен.

„Вилата има три ката, секој со површина од по сто квадратни метри. Овие апартмани ги изградив со помош на кумот на мојата ќерка Јелена, Велибор Јокиќ, кој е инвеститор. На крајот успеав да се изборам за моето земјиште и да вложам во него“, изјавила Неда во една прилика.

Таа одлучила да поседува недвижност и на приморјето, па купила куќа во Лепетане, во Бококоторскиот Залив. Куќата има околу 150 квадратни метри, а нејзината вредност, според проценките на тамошните медиуми, изнесува околу милион и пол евра.

Земајќи ги предвид овие суми, Неда поседува недвижности во вредност од околу 4.500.000 евра, речиси колку и Горан Бреговиќ.
Можеби нејзиното богатство би било уште поголемо доколку не останела без два стана во Сараево, како и два деловни простора во центарот на градот. Подоцна успеала да ги продаде, но по багателна цена.

To top