Иако летната сезона одамна заврши, некои ѕвезди очигледно одбиваат да се откажат од омиленото летно парче – бикините.
Вниманието овојпат го привлече славната Ирина Шајк, која за потребите на нова фотосесија позираше во неколку атрактивни модели на костими за капење.
Манекенката позираше за брендот Hunza G, за нивната колекција „Resort 27“, а модниот едиторијал бил снимен на Ибица.

Како што може да се види на фотографиите, Ирина самоуверено носи неколку впечатливи модели на бикини, кои дополнително ја истакнуваат нејзината препознатлива убавина и фигура.
Виткото тело и заводливиот поглед секако се во прв план, но особено внимание привлече и нејзината природна убавина, која ја покажа и со топлес фотографија.
„Веќе со години го обожавам брендот Hunza G, па оваа соработка дојде сосема природно. Целата колекција е секси и има една разиграна нота со доза носталгија по 2000-тите, а тој детал навистина го обожавам. Снимањето на Ибица, опкружена со пријатели, беше посебен момент за мене“, изјави манекенката.
View this post on Instagram
Компилација од фотографиите од снимањето беше објавена на официјалниот Инстаграм профил на брендот, а бројните фанови имаа само пофални зборови и за колекцијата костими за капење и за неверојатниот изглед на славната Русинка.
„Толку си прекрасна“, „Ја обожавам оваа колекција“ и „Најдобрите бикини што сум ги видела“ се само дел од коментарите.
View this post on Instagram
View this post on Instagram






