Македонската музичка дива ја почести публиката со нова песна. Во пресрет на најавениот солистички концерт на 17 октомври во арената Борис Трајковски во Скопје, Калиопи го промовирапше своето ново музичко „Бебе“, кое веднаш доби и своја визуелна приказна.

Новото музичко парче доаѓа со препознатливиот печат на Ромео Грил, кој ги потпишува музиката, аранжманот и продукцијата, додека текстот е дело на самата Калиопи.
Токму оваа комбинација ветува уште една песна во која моќниот вокал на Калиопи доаѓа до полн израз, а авторскиот потпис на Грил ѝ дава посебна музичка атмосфера.

За приказната да биде комплетна, „Бебе“ доби и видео спот. Режијата и реализацијата се дело на Александар Ристовски – Принц, кој ја преточил песната во визуелна форма.
Новото музичко парче веќе е достапно на дигиталните музички платформи, а видео спотот е достапен на Јутјуб за публиката.
Што подготвила Калиопи овој пат со нејзиното „Бебе“, проследете во продолжение…






