Радио Милева проблеми

Јелена Розга проговори за болеста и проблемите со кожата: „Морам да внимавам…“

Јелена Розга проговори за болеста и проблемите со кожата: „Морам да внимавам…“

Јелена Розга е една од најубавите пејачки, а иако е во својата петта деценија и се приближува кон шестата, изгледа феноменално.

Покрај природната убавина, блескавата кожа и косата, Јелена тврди дека зад сето тоа стои посветеноста на самата себе. Пејачката не крие дека со години посветено се грижи за својата кожа, но открива дека еден важен момент го променил нејзиниот однос кон негата.

Јелена се појави на еден настан, каде што била промоторка на козметика за лице, па откри како се грижи за себе, но и дека порано имала проблеми со кожата.

„Мило ми е што ве гледам. Навистина долго време не сме се виделе… Дали ви недостигав? Драго ми е што ме избравте за амбасадорка, со оглед на тоа што многу внимавам на својата кожа. Кога почнав да се занимавам со оваа работа, со првата плата, со првите пари што ги заработив, си купив крема. Тогаш не обрнував премногу внимание на квалитетот и на тоа што има во кремата, туку ја гледав амбалажата.

Како што минуваа годините, а јас имав проблеми со тироидната жлезда – немам тироидна жлезда, имам Хашимото – почнаа проблемите со кожата, акните… Тогаш целосно се освестив и почнав да внимавам што ставам на лицето. Тоа се проверени медицински производи, можат да ги користат и деца. Сега знам што ставам на телото. Имам светол тен, морам да внимавам и да се негувам. Покрај сите тие креми и нега, треба да внимаваме и што внесуваме во телото, на исхраната… Има многу фактори. Мајка ми не може да живее без тоа. Ви благодарам многу.“

Розга претходно зборуваше и дека избегнува сончање и внимателно избира што внесува во организмот, но смета дека рутината за нега на кожата, особено по напорниот ден, е многу важна.

„Тоа се години труд и посветеност… Иако со оваа работа се занимавам 30 години, кога ќе завршам, доаѓам во својата соба и веднаш започнува рутината за нега на кожата, дури и во автомобил. Многу спијам, најмалку осум часа дневно. Знам дека сега сите велат: „Како успеваш да стигнеш сè?“, но сè е прашање на организација“, изјави таа за „Телеграф“.

foto: printscreen/instgaram/rozgajelenaofficial

To top