Буцкастата „сајз плус“ убавица од Инстаграм со уметнички прекар Сењорита Мистериоза како и сите други полека го испраќа летото… Само за разлика од многумина од нејзината Инстаграм фела што тоа го прават со жалење, црнката синоока има поинакви погледи на реалноста. Нејзината стварност е (а)рома(н)тична!

Таква и е барем прогнозата за тоа што понатаму, што ќе прават по крајот на летото овие што дома не се прибираа? До душа, кој(а) како, зашто на повеќето од нив ги боли уво каква е климата, па како летото, така ја минуваат и зимата – фаќајќи џенем некаде на уживање. Дали на 2-3 дена за викенд, дали една недела или нешто згора на тоа, Инстаграмот се претвора од врвулица по разни дестинации на еден куп помалку или повеќе познати лица.

Ајде за оние што веќе е познато од која професија доаѓаат, дали се водителки, пејачки, актерки, манекенки… работата е јасна. Имаат финансиски инпут и по некое агенциско спонзорство кое неколку пати во годината не им бега, ама парадоксот е најголем кај оне што ништо не работат, а најмногу шетаат? А такви расни убавици на Инстаграм има стотици!

Е токму такавата финансиска дилема си ја постави и самата мистериозна сењорита, чудејќи се како е можно од нигде приход да се нема, а толку многу да се „скита“?
View this post on Instagram
Ако некој знае како со ич пари се оди на егзотични дестинации на пливање, скијање, пустинско сафари…, слободно нека појасни, едвај чекаме коментари?!

И додека чека да и се разјасни тајната, еве ја Сењорита Мистериоза со прогноза, што понатаму, откако ќе заврши летото? Што ќе прават сега овие што го сликаа и споделуваа сиот свој телесен раскош на Инстаграм?
View this post on Instagram
Не дека нејзината теорија не е потенцијално возможна и остварлива, само што… Се чини дека истите оние на кои им се чуди(ме) откај им се парите кога ништо не работат, наместо зимава да се гушат во „ароматизирана тишина“, повторно ќе соберат храброст да најдат начин како да уживаат во својата „спонзорирана стварност“!

Фото и видео: Инстаграм/senorita.misteriosa





