Радио Милева За забавата на „Волт Дизни“

Ќерката на Синди Крафорд привлече погледи во необична комбинација: Се појави во „градник“ на наградите „Еми“

Ќерката на Синди Крафорд привлече погледи во необична комбинација: Се појави во „градник“ на наградите „Еми“

Манекенката и актерка Каја Гербер предизвика вистинска возбуда на забавата по доделувањето на наградите „Еми“. Нејзината модна комбинација набрзо стана тема на разговор меѓу модните критичари.

Ќерката на Синди Крафорд, позната по својот ненаметлив стил, овојпат реши да ги привлече сите погледи и да ја разгори имагинацијата. За забавата на „Волт Дизни“, одржана веднаш по доделувањето на наградите „Еми“, Каја Гербер носеше комбинација што измами воздишки и привлече погледи полни со восхит.

Облеката го спојуваше минимализмот со впечатливи, атрактивни елементи – особено во горниот дел – а таа ја носеше беспрекорно: заводливо и со стил.

Носеше бело миди-здолниште со низок струк, искомбинирано со горниот дел што силно потсетуваше на градник. Оваа необична и донекаде провокативна комбинација ја истакнуваше нејзината витка фигура, а особено стомачните мускули.

@ellemagazine The ceremony may be over, but the party is just getting started. #TheShards stars #KaiaGerber and #IgbyRigney arrive at Disney’s #Emmys ♬ original sound – ELLE (US)

Целокупниот изглед го заокружи со дискретна шминка во нијанси на боја на кожа и високо стилизирана пунџа. Исто така, носеше високи потпетици што дополнително ја истакнаа нејзината фигура.

 

foto: printscreen/instgaram/kaiagerber

To top