Пејачката Тамара Тодевска периодов апсолутно успева да доминира привлекувајќи го вниманието на јавноста.
По успешната промоција на нејзиниот најнов албум „Кукла жива“, пејачката не застанува со напорна работа, како на музички план, така и на сопствениот изглед. Дека Тамара е во топ-форма и константно работи на себе, покажа и со последната објава на Инстаграм.

Таа сподели жешко селфи од теретана со одраз во огледало, облечена во тесни бордо хеланки кои совршено ги истакнуваат нејзините облини. Во преден план, се најде нејзиниот задник, на чија дефиниција веројатно се насочила од тренингот.

Труд, пот и дисциплина во студио, ама и во фитнес центарот. Додека фановите сè уште ги слушаат новите рефрени од албумот, Тамара продолжува да провоцира, мотивира и да гази силно напред, покажувајќи дека македонската естрада има што да понуди.

До кое ниво ќе ја донесе овој труд кој го вложува насекаде, ќе видиме на претстојниот концерт кој го презакажа за 7-ми декември.
фото:Instagram printscreen/tamaratodevska






