Радио Милева Прво дете

Првo огласување на синот на Кеба по веста дека станува татко: „Вистина е, благодарам…“

Првo огласување на синот на Кеба по веста дека станува татко: „Вистина е, благодарам…“

Игор Којиќ се огласи откако беше објавено дека со девојката Николина Шапоња го очекуваат своето прво дете.

Игор Којиќ ја потврди убавата вест, но не сакаше да открива детали за својата бремена избраничка, па само накратко се заблагодари.

– Вистина е, благодарам за честитките. Фала му на Бога, сè е како што треба – изјави Игор за „Блиц“.

Да потсетиме, неговиот татко Кеба не можел да поверува дека тоа навистина се случува и дека ќе стане дедо. Не можел да ја сокрие ниту насмевката и солзите радосници, како и гордоста кон својот син Игор.

– Ова мора да е скриена камера! Но, ако е вистина, нема вага што може да ја измери мојата среќа и радост! Игор не сум го видел петнаесет дена. Ако тоа што го велите е точно, никој на светот не е посреќен од мене – изјавил возбудениот пејач.

Иако на почетокот бил воздржан околу деталите, Кеба за својата идна снаа Николина зборувал исклучиво со убави зборови, не штедејќи ги комплиментите.

– Николина е прекрасна, добра, фина и воспитана девојка, која потекнува од прекрасно семејство – гордо истакнал идниот дедо за тамошните медиуми.

Foto: Instagram printscreen/igorkojic

To top