Понешната членка на групата „Hurricane“, Сања Вучиќ, се соочила со сериозни здравствени проблеми пред конечно да ѝ биде воспоставена точната дијагноза.
Како што признала и самата пејачка, пред да дознае дека болува од Хашимото синдорм, поминувала низ исклучително тежок период во кој нејзината состојба била сериозно нарушена.
Во тој период, Сања била убедена дека пати од клиничка депресија, што го потврдила и првата лекарска проценка кај психијатар:

„Бев кај психијатар и мислев дека тоа е некаков вид депресија, што докторката на крајот и ми го дијагностицираше. Тоа, секако, не беше точно. Ми препиша антидепресиви, кои јас, нормално, не ги пиев.“„Не можев да ги препознаам симптомите“
Нејзината одлука да не ја зема препишаната терапија за депресија се покажала како оправдана, бидејќи вистинскиот предизвикувач на нејзините проблеми лежел во штитната жлезда. Токму поради ова искуство, пејачката денес ја користи секоја пригода јавно да зборува за важноста од препознавање на симптомите:

„Ова е причината зошто во интервјуата секогаш сакам да го споменам мојот проблем со штитната жлезда, бидејќи јас во тој период не можев да ги препознаам сопствените симптоми. Не ни знаев дека тоа воопшто постои.“- каала пејачката.
фото:Instagram printscreen/sanjalilwolf





