Радио Милева повлекување од јавноста

Аријана Гранде ја напушти сцената во солзи: Одржа емотивен говор пред 20 илјади луѓе

Аријана Гранде ја напушти сцената во солзи: Одржа емотивен говор пред 20 илјади луѓе

Аријана Гранде ја заврши својата турнеја „Вечно сонце“ со емотивен концерт во Лондон, по што ќе ја започне најавената пауза во кариерата.

Музичката ѕвезда Аријана Гранде ја заврши својата турнеја „Вечно сонце“ со трогателен настап во Лондон. Пред преполна сала од околу 20.000 луѓе, пејачката низ солзи им се заблагодари на своите лојални обожаватели, што воедно го означи и почетокот на нејзиното претходно најавено повлекување од јавноста.

Финалниот спектакл се одржа на 1 септември во познатата лондонска О2 арена, каде што пејачката претходно одржа серија од десет последователни концерти. Сепак, самото финале беше обележано со силни емоции, при што Аријана не можеше да скрие колку ѝ било тешко да се збогува со сцената, пишуваат медиумите.

Во моментите кога солзите беа надминати, изведувачката директно им се обрати на публиката на концертот: „Само сакам да ви се заблагодарам“.

Таа ја опиша целата турнеја како едно од најскапоцените искуства во нејзината кариера, нагласувајќи дека спомените од овие настапи ќе бидат со неа засекогаш. Оваа светска серија концертни настапи броеше вкупно 41 датум, а беше крунисана со маратонски настапи во британската престолнина.

Седејќи на сцената пред публиката, пејачката нагласи колку е фасцинирана од трудот што нејзините обожаватели го вложуваат во креирањето на стилот, шминката и костимите, додавајќи дека токму оваа креативна поврзаност ѝ дава најголема сила. На самиот крај, таа уште еднаш ја искажа својата љубов и им се заблагодари за нивната непоколеблива поддршка.

Ова трогателно збогување е вовед во свесната одлука на поп-ѕвездата да направи пауза од кариерата и да се оддалечи од притисоците на јавниот живот.

Имено, Аријана претходно се соочуваше со постојани критики и внимание за нејзиниот физички изглед и промените во тежината. Поради честите забелешки, таа беше принудена неколку пати јавно да проговори и да привлече внимание колку е опасно да се суди за нечија општа и здравствена состојба само врз основа на надворешниот изглед.

Таа претходно спомена дека изгледот со кој публиката ја споредува всушност бил присутен во фаза кога се чувствувала исклучително лошо и нездраво, сакајќи да испрати јасна порака дека надворешниот одраз не секогаш ја одразува внатрешната состојба на една личност.

foto: printscreen/instgaram/ariananews

To top