Радио Милева прв роденден и крштевка

Прија објави прва фотографија со ќерката по крштевката: Александра ја покажа малата Арија

Прија објави прва фотографија со ќерката по крштевката:  Александра ја покажа малата Арија

Александра Пријовиќ сподели селфи со својата ќерка Арија откако денеска, на нејзиниот роденден, ја крсти во Храмот „Свети Сава“.

Во кругот на најблиското семејство, Александра Пријовиќ и Филип Живојиновиќ организираа крштевка за својата ќерка Арија. Прија блескала во елегантен, ненаметлив фустан од светски дизајнер, додека Филип  бил облечен во елегантен костум.

Малата Арија носела фустан како вистинска принцеза, а нејзиниот брат Александар, кој не се одвојувал од сестра си, бил облечен во костум.

„Љубов наша, среќна крштевка и прв роденден. Те сакаме, Аки, тато и јас, најмногу на светот“, напиша Александра во описот на фотографијата што ја објави на Инстаграм.

Штом излегле од храмот, дедото ја зел малата Арија во прегратка.

„Го извади венчето, сè симнавме. Беше прекрасна, не се слушна“, изјавила Александра со насмевка.

На Прија и малото девојче им се придружила и бабата Борка, која открила дека заплакала.

„Арија не плачеше, но бабата плачеше“, рекла Александра.

foto: printscreen/instagram/aleksandraprijovic

To top