Живот и стил

Денес готвиме: Сочен специјалитет од тиквички и пилешко кој му годи на секој стомак

Денес готвиме: Сочен специјалитет од тиквички и пилешко кој му годи на секој стомак

Доколку ви треба едноставно, но многу заситно јадење кое може да се јаде и како ручек и како лесна вечера, оваа запечена комбинација од тиквички, пилешко и сирење е одличен избор.

Тиквичките се меѓу намирниците кои лесно ги претвораме во безброј различни јадења, а ако полека ви снемуваат идеи како сè да ги искористите, имајте предвид дека тиквичките можат да послужат и како „пакетче“ за неодолив, солен специјалитет од рерна.

Целата тајна е во тоа што тенките ленти од тиквички го обвиткуваат кремастиот фил од сирење, јајца и пилешко, а потоа сè се спојува во сочен оброк со запечена коричка.

Состојки:
– 2 тиквички
– путер по потреба
– 1 лажица презла
– 3 јајца
– 200 гр. рикота сирење
– бибер и сол по вкус
– 300 гр. исечени пилешки гради
– 100 гр. моцарела

Подготовка:
Излупете две тиквички со средна големина, а потоа исечете ги на многу тенки ленти. За тоа можете да користите и лупач за зеленчук, но внимателно, за да не се искинат лентите.

Намачкајте го садот за печење со путер, па посипете го со презла и рамномерно распоредете ги по внатрешноста на калапот.

Наредете ги тиквичките исечени на тенки ленти така што ќе го покријат дното на садот, а нивните краеви ќе висат преку рабовите на садот за печење.

Во сад измешајте ги јајцата и рикотата, па матете додека смесата не стане хомогена. Додајте бибер и сол по вкус, па добро промешајте.

Додајте ги ситно исечените пилешки гради и изренданата моцарела, па промешајте.

Истурете ја смесата врз лентите од тиквички, а потоа преку неа префрлете ги краевите што висат преку работ на садот за печење.

Печете 40–45 минути во рерна загреана на 200 степени, а послужете го јадењето исечено на коцки.

 

извор:точка.ком.мк
фото:You tube printscreen/Dolci Veloci

To top