Радио Милева вандализам

Неколку дена по смртта на Доли Партон, оштетена нејзината ѕвезда на Холивудската патека на славните

Неколку дена по смртта на Доли Партон, оштетена нејзината ѕвезда на Холивудската патека на славните

Ѕвездата на Доли Партон на Холивудската патека на славните била оштетена само неколку дена по смртта на американската музичка ѕвезда, а санацијата веќе започнала во Лос Анџелес.

По нејзината смрт, обожавателите оставале цвеќе, пораки, свеќи и други спомени покрај ѕвездата, но еден фан во понеделникот забележал оштетувања и гребнатини преку името на пејачката.

Фотографиите потоа биле објавени на социјалните мрежи, а локалните медиуми известиле дека санацијата веќе започнала.

„Еден фан вчера дошол до ѕвездата и на социјалните мрежи пријавил дека ѕвездата е вандализирана со бројни гребнатини.

Според објавената фотографија, навистина изгледа дека ѕвездата е оштетена со гребнатини“, изјавила портпаролката на Холивудската стопанска комора, Ана Мартинез.

Таа додала дека цвеќето било отстрането уште наутро за да се изврши претходно планираната поправка. Мартинез навела и дека првиот дел од работите веќе бил завршен.

Како што објаснила, санацијата ја спроведува „Hollywood Historic Trust“, организација задолжена за одржување и поправка на ѕвездите на Холивудската патека на славните.

Ѕвездата, откако материјалот ќе се стврдне и ќе биде исполиран, во петок повторно би требало да биде подготвена за посетителите.

Според тврдењата на обожавателите од местото на настанот, еден работник рекол дека некој наводно ја превртел свеќата, а потоа со парчиња скршено стакло ја изгребал ѕвездата.

Локалните медиуми во вторникот објавиле фотографии од работите на ѕвездата на Доли Партон, која своето место на Холивудската патека на славните го добила во јуни 1984 година.

Смртта на пејачката беше објавена на 25 август, а нејзините претставници подоцна потврдија дека починала по кратка борба со ракот.

Таа бeше погребана на 28 август на едноставна церемонија, во согласност со нејзините желби, покрај нејзиниот сопруг Карл Дин, кој почина во март годинава на 82-годишна возраст.

foto: printscreen/instagram/dollyparton

To top