Радио Милева само поради едно

Карлеуша откри како дошло до помирување со поранешниот сопруг (видео)

Карлеуша откри како дошло до помирување со поранешниот сопруг (видео)

Душко Тошиќ синоќа се појави на настапот на Јелена во друштво на ќерките Атина и Ника

Јелена Карлеуша синоќа настапи во познат локал во Белград, што воедно било и прво појавување на пејачката во јавноста, откако во јавноста се појавија нејзините фотографии од роденденската прослава, на која беше во друштво на поранешниот сопруг, Душко Тошиќ.

Душко се појави и на настапот на Јелена во друштво на нивните ќерки Атина и Ника. Со овој потег уште еднаш се потврди дека нивниот однос по разводот никогаш не бил подобар, но и дека поранешниот фудбалер ставил крај на својата врска со Нора Миловановиќ.

На почетокот од разговорот со тамошните медиуми, Јелена откри каква е природата на нејзиниот однос со поранешниот сопруг.

„Душко и јас сме во добри односи поради децата. Наскоро ни се наближува многу важен момент за секој родител, а тоа се 18 – тиот роденден на нашата Атина и 17. на нашата Ника. Тоа е поради децата, кои заслужуваат нивните родители да бидат во добри односи. Тоа е сè и ништо повеќе од тоа. Не се муваме“, рекла Јелена.

На констатацијата на новинарите дека на сите социјални мрежи сите навиваат Јелена и Душко да се помират, но и дека Нора раскинала со него бидејќи тие воспоставиле добри односи, поп-ѕвездата имала подготвен одговор:

„Како навиваат? Немој да ме зафркавате, кој навива? Ајде, ве молам. Баш ми е жал што Душко раскина со девојката. Баш ми е жал!“, одговорила Карлеуша.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Karleuša FP (@megastarkarleusa)

Таа истакнала и дека Душко не се противи на плаќањето на трошоците за претстојната прослава и дека „сега сè е во ред“.

„Душко е горд татко. Без разлика дали сме во добри односи или не, секогаш сум истакнувала дека е фантастичен татко и дека децата многу го сакаат. Никогаш не се доведувало во прашање дали тој ќе ја плати прославата. Може и мама, нема проблем“, рекла пејачката.

Foto: printscreen/instagram/megastarkarleusa

To top