Ана Радуловиќ уште еднаш привлече големо внимание со фотографиите во костим за капење. Таа пред неколку дена објави низа фотографии од својот летен одмор.
Водителката позирала во бикини, а објавата предизвика бројни реакции од нејзините следбеници.

Бројот на лајкови покажува дека фотографиите им се допаднале на многумина, а како опис Ана напишала: „Помеѓу планините и морето“.

Да потсетиме, Радуловиќ со години беше во брак со пејачот Мирче Радуловиќ, чие презиме го задржа и по разводот. Двојката во брак доби син, на кого се многу горди.
View this post on Instagram
Водителката неодамна во една емисија зборуваше за бракот, но и за тоа што му пречело на нејзиниот сопруг додека живееле заедно – станувало збор за нејзините излегувања.
„Искрено, не му се допаѓаше, но не ми забрануваше. Никој не може да ми забрани нешто ако јас го сакам, па не можеше ни тој. Доколку премногу се противеше, секако дека можеби малку ќе ги намалев излегувањата или тоа ќе влијаеше врз мене, па ќе престанев. Не затоа што тој би ми забранил, туку затоа што не би дозволила енергијата и атмосферата во домот да бидат катастрофални“, рече Ана во емисијата „Деманти“ и продолжи:
„Не му се допаѓаше, а можеби и се плашеше. Веројатно во тој период малку повеќе излегував. Но, сега, гледано од оваа перспектива, целосно го разбирам. Тогаш имав своја цел и знаев дека моите намери не се лоши, така што целосно го разбирам, исто како што се разбирам и себеси.“
Foto: printcsreen/instagram/ana.radulovic






