Познатите пејачки често во јавноста се претставуваат како целосно природни убавици, но естетскиот хирург Немања Петровиќ реши да ја „разоткрие“ естрадата и да открие која пејачка што коригирала на лицето.
Од минимални промени до позабележливи интервенции, хирургот детално го анализирал изгледот на познатите ѕвезди.
Рада Манојловиќ

Иако во јавноста преовладува мислењето дека Рада Манојловиќ не се подложила на пластична хирургија и самата тврди дека немала корекции на лицето, хирургот Петровиќ има поинакво мислење.
Според неговите зборови, пејачката не направила драстични промени и успеала да го задржи својот препознатлив изглед, но сепак направила одредени корекции – на усните, носот и забите.
„Она што го променила се усните. Ми се чини и носот, но тоа била минимална корекција“, објаснува хирургот.
Тој особено ја пофалил промената на нејзините заби, истакнувајќи дека токму тоа најмногу му се допаѓа кај Рада, додека многумина остануваат изненадени кога ќе видат како изгледала порано.
Анбела Атијас

Кога станува збор за Анбела Атијас, естетскиот хирург истакнува дека станува збор за природно убава жена, но наведува дека и таа направила корекција на усните.
Како што вели, Анбела ги има токму оние црти на лицето кои девојките најчесто ги бараат кога се одлучуваат за естетски интервенции.
„Таа го има она што се бара, она што пациентите го сакаат – изразени јаболчници и дефинирана линија на вилицата. Се гледа дека усните се коригирани, но изгледаат целосно природно“, рекол тој за тамошните медиуми, додавајќи дека некој што не е од оваа професија можеби воопшто не би го забележал тоа.
Милица Тодоровиќ

За Милица Тодоровиќ, хирургот наведува дека направила само неколку корекции. Тој тврди дека со сигурност ги коригирала носот и усните, додека за јаболчниците во овој момент нема потврда, туку само претпоставка.
Петровиќ особено го пофалил нејзиниот тен:
„Милица има многу убав тен, млада е и квалитетот на кожата доаѓа до израз со годините.“
Тој додава дека професионалната шминка понекогаш може визуелно да ги направи девојките да изгледаат постаро, поради што Милица со своето природно и негувано лице без шминка изгледа особено свежо.
Foto: printcsreen/instagram






