Поранешната тенисерка Ана Ивановиќ ужива во секој момент од својот живот, а дел од нив споделува со своите следбеници на социјалните мрежи.
Ако се навратиме неколку години наназад, тешко дека би можеле да се сетиме на Ана во некое друго издание освен во тениска опрема. Денес, на 38-годишна возраст, таа привлекува внимание каде и да се појави. Ја заврши тениската кариера, стана мајка, се разведе од сопругот, а времето главно го користи за уживање со луѓето со кои се чувствува убаво.

Во последната објава на социјалните мрежи, Ана сподели фотографии од кои се гледа нејзиниот летен изглед, исончаниот тен и стилската комбинација.

Светлосиниот костим за капење одлично се вклопил со нејзиниот тен, а целиот изглед го надополнила со очила за сонце и накит во иста нијанса.

foto: printsceen/tiktok/Ana Ivanovic





