Емина Јаховиќ повторно реши да го промени местото на живеење. Пејачката и претходно зборуваше дека не сака долго да останува на едно место и дека, по правило, се сели приближно на секои две години. Овојпат, помирниот дел од Истанбул го замени со пожива локација во европскиот дел од градот, во самиот центар на случувањата.
На почетокот на летото Емина се вселила во луксузен стан во престижниот кварт Бејолу, во близина на познатиот плоштад Таксим. Според медиумите, за недвижноста со површина од 100 квадратни метри, која може да се пофали со спектакуларен поглед кон Босфор, издвојила дури милион евра.
Сепак, самото преселување воопшто не било лесно. Поради огромната количина работи што ги поседува пејачката, процесот на преселба се одолжил речиси два месеци.

Иако Емина е воодушевена од новиот дом, кој го уредила според сопствениот вкус, преминувањето од мирна средина во центарот на градската врева донело и неочекувани предизвици. Додека во стариот стан, опкружен со шума и зеленило, имала целосен мир, во новата зграда се соочила со огромна бучава.
„Јас инаку се селам на две години. Сакам да се селам. Тоа ми се допаѓа, а и некако ми е таква судбината, постојано да се селам. Сакам да го менувам просторот и ентериерот во кој живеам во зависност од моето расположение… Имам прекрасен поглед кон Босфор и се чувствувам феноменално кога ќе се разбудам наутро, но бучавата е неверојатна. Си помислив: ‘Што ми требаше ова, зошто сум тука?’ Велат дека слухот се адаптира и на тоа, па ќе видиме“, раскажал извор близок до пејачката за тамошните медиуми.
Новиот дом на поп-ѕвездата е опремен со најлуксузни детали, но истовремено е целосно прилагоден на нејзиниот здрав начин на живот и потребите на нејзините синови.

Емина во станот има и сопствена теретана, во која секојдневно тренира, додека дневната соба е функционална и практична, за нејзините синови да уживаат во удобноста.
Емина и претходно истакнувала дека во дизајнот претпочита минимализам со доза на елеганција, комбинирајќи природни материјали како мермер и дрво, како и елементи од стар и модерен стил.
foto: printscreen/instagram/yaemina






