Радио Милева Роденденско изненадување

Ќерката на Јелена Карлеуша со емотивна честитка за нејзиниот 48. роденден

Ќерката на Јелена Карлеуша со емотивна честитка за нејзиниот 48. роденден

Атина Тошиќ, ќерката на пејачката Јелена Карлеуша, ѝ упати емотивна честитка на својата мајка по повод нејзиниот 48. роденден.

Музичката ѕвезда и една од најинтригантните личности на Балканот, Јелена Карлеуша, денеска, 17 август, го прославува роденденот, а точно на полноќ изненадување ѝ приредиле нејзините ќерки Атина и Ника.

Карлеуша во вилата на Дедиње ја пречекале раскошни букети цвеќе, но и посебен подарок – нејзин портрет што го насликала ќерката, како и емотивна порака која ја расплакала.

„Драга мамо, среќен роденден! Ти посакувам да ти се остварат сите желби, секогаш да бидеш среќна, сакана и заштитена од лоши луѓе. Ти посакувам секогаш да имаш позитивен начин на размислување и да не дозволиш никој да ти го одземе она што го носиш во себе, твоето ЈАС.

Ти си најсилната личност на светот. Начинот на кој се избори со омразата и неправдата е нешто што не би можел секој. Ти се восхитувам поради тоа каква личност си, начинот на кој им се обраќаш на луѓето, како шириш љубов, како се изразуваш, поради твојот хумор, добрите пораки што ги оставаш и твојата искреност.

Не се плашиш да бидеш своја и да го кажеш своето мислење. Ти си мајка една во милијарда, всушност една во бесконечност. Никогаш повеќе нема да се роди уште една Јелена Карлеуша, бидејќи навистина си извонредна и посебна личност. Знаеш да почувствуваш како се чувствува некој, дури и кога таа личност не ти кажала ниту еден збор.

Ти посакувам да уживаш во денешниот ден, а уште повеќе ти посакувам секој ден да ти биде посебен“, ѝ напишала на Карлеуша нејзината помлада ќерка Ника.

Емотивната порака, која несомнено ја расплакала Јелена, ја дочекала точно на полноќ на масата во вилата на Дедиње.

Инаку, Карлеуша синоќа, по повод роденденот, отвори и нов профил на Инстаграм, неколку месеци откако нејзиниот претходен профил беше деактивиран.

To top