Пејачката Марина Висковиќ повторно привлече големо внимание на социјалните мрежи со серија фотографии кои предизвикаа бројни реакции. Атрактивната пејачка неодамна започна врска со маж кој живее во Дубаи, а моментално двајцата престојуваат на Миконос, каде уживаат во одморот.

Помеѓу забавите и луксузните излегувања, Марина пронаоѓа време и за релаксација, а токму една таква фотографија привлече најголемо внимание од јавноста. Висковиќ позирала опуштено во кревет, со чаша пијалак во раката, облечена во минијатурен костим за капење.

На останатите фотографии таа позира во луксузната вила што ја изнајмиле. Пејачката менувала различни модели на костими за капење – од елегантни црни модели до оние со животински принт, а нејзините следбеници се согласуваат дека сите ѝ прилегаат одлично.

Во коментарите следбениците веднаш и упатиле бројни комплименти за нејзиниот изглед, а фотографиите за кратко време собраа голем број реакции.
Foto: printscreen instagram/marina_viskovic_official




