Агнеса Органџиева повторно на социјалните мрежи сподели семејна фотографија, но овојпат со посебен повод. Славенички и особено емотивен.

Имено, познатата кумановка со скопска адреса на живеење со огромен букет цвеќе и искрена честитка го одбележа 71-виот роденден на нејзината мајка Гордана.

Она што веднаш го привлече вниманието е изгледот на славеничката. На дамите не им се бројат годините, но изгледот не можете да го игнорирате и премолчите, а Гордана изгледа одлично, па не е ни чудо што многумина не би и ни дале толку години колку што ги има, зашто годините воопшто не ѝ се познаваат.

Но, нивните заеднички фотографии говорат и уште нешто. Повеќе од јасно е од кого Агнеса ја наследила убавината.

Мајката и ќерката позираат насмеани, елегантни и видно расположени, а нивната блискост дополнително го разубавува кадарот.
„Среќен роденден, драга мамо! Ти благодарам што секогаш си тука за мене. Најдобра си! Ти посакувам ден полн со љубов и радости. Наздравје за уште многу заеднички години со насмевки и забава. Те сакам до месечината и назад“, напишала Агнеса во постот.

За оваа посебната пригода, таа избрала тесен жолт фустан кој совршено ја следи линијата на нејзиното тело и ја нагласува нејзината витка фигура. Од друга страна, роденденската славеничка блеснала во елегантен сино-бел фустан со цветен дезен. Очигледно, кај нив убавината е семејно наследство, па Агнеса и Гордана уште еднаш покажаа дека годините, барем за нив, дефинитивно се само бројка.

Фото: Фејсбук и Инстаграм/Gordana Organdzieva/agnesaorgandjieva



