Радио Милева анегдота од јадранот

Хостеса од Хвар не ја примила Александра Пријовиќ во ресторан! До детаљ раскажа што се случило, а пејачката јавно ѝ одговори…

Хостеса од Хвар не ја примила Александра Пријовиќ во ресторан! До детаљ раскажа што се случило, а пејачката јавно ѝ одговори…

Пејачката Александра Пријовиќ со сопругот Филип Живојиновиќ и нивните деца летува на црногорското и хрватското приморје, а една тиктокерка раскажа што се случило на Хвар кога ја сретнала Александра со семејството.

Девојката која работи како хостеса во еден ресторан раскажа како не им дозволила на Пријовиќ и Филип да влезат во локалот поради правилата што ги практикуваат во ресторанот. Таа наведе дека Александра била поприлично лута кога ги одбила за маса во локалот.

-Денес ѝ реков на Александра Пријовиќ дека не може да седне кај мене во ресторан на пијачка, започна девојката. Значи, јас работам како хостеса во ресторан на Хвар и беше време за вечера, а ние за време на вечера не примаме никого за пиење, туку само луѓе кои ќе јадат. И доаѓа некој фин господин со две деца и жена, а јас не гледам ниту во него, ниту во неа, туку во децата бидејќи децата ми беа преслатки. И јас онака цела лута бидејќи ме налутија една минута пред тоа, се обидувам да бидам што попристојна.

-Тој зборува: „Добро вечер, може ли само да седнеме на пијачка? Кратко ќе биде, нема долго“. Јас велам: „Не може, време ни е за вечера, имате долу кафулиња па можете да седнете, подобро ви е таму“. Мене жената онака ме погледна, периферно видов дека направи фаца како да е лута, и тоа беше Александра. И како го знам тоа, бидејќи човекот од спротива ме праша што сакала и рече: „Тоа беше Александра Пријовиќ“.

Пријо, те молам, дојди утре на пијачка, јас ќе ве честам, дојди, поведи ги децата, те молам – раскажа девојката во видеото.

Ова видео стигна до Александра, па таа ѝ одговори на оваа девојка:Хахахаха! Не се налутив! Се гледаме во некоја друга прилика. П.С. Јас честам – ѝ порача пејачката.

фото:Instagram printscreen/aleksandraprijovic

To top