Пејачката и водителка Сузана Турунџиева со емотивна објава на социјалните мрежи му оддаде почит на својот покоен сопруг Марјан, од чија ненадејна смрт денес се навршуваат десет години.
Со зборови исполнети со љубов, тага и благодарност, таа се присети на заедничките мигови, но и на празнината што, како што вели, не исчезнува и по една деценија.

„Ова утро се навршуваат 10 години без тебе, Марјане, во кои твоето отсуство го чувствуваме секој ден… Времето лета, децата пораснаа, добивме и внуци, но љубовта, спомените и трагата што ја остави во нашите срца останаа засекогаш. Многу ни недостига твојата насмевка, хуморот, твоите зборови и топлината што ни ја даваше. Болката со годините се менува, но никогаш не исчезнува. Научивме да живееме со празнината, но никогаш да не престанеме да те сакаме и да те спомнуваме. Ти благодарам што моето дете го сакаше како свое… Ти благодарам за секој момент што го споделивме, за секоја лекција и за љубовта што ни ја подари… Твојата љубов е наша сила“, напиша Сузана.

Фото: Фејсбук/Suzana Turundzieva





