Златан Ибрахимовиќ повторно успеа да го привлече вниманието на јавноста, овојпат за време на Светското првенство во фудбал, каде што се појавува во улога на стручен аналитичар на американската телевизија „Фокс“.
Легендарниот Швеѓанец и претходно покажуваше симпатии кон музиката од Балканот. Љубителите на фудбалот добро се сеќаваат на неговото појавување на фестивалот во Сан Ремо, кога јавно ја промовираше песната „Јутро је“ од Нада Топчагиќ.
Сега Ибрахимовиќ одлучи на американската публика да ѝ претстави уште еден голем балкански хит.
Zlatan Ibrahimovic and Thierry Henry listening to this 🇧🇦 banger by Lepa Brena. Alexi Lalas” Give me the name of the group, what is she saying?”😂😂😂 #FIFAWorldCup 🎥: https://t.co/nlKCqfWp6D pic.twitter.com/PakneqImFB
— Bosnian Football (@BosniaNTBall) June 15, 2026
За време на телевизиската емисија тој ја пуштил песната „Луда за тобом“ од Лепа Брена. Додека песната одела во живо во студиото, Златан очигледно уживал во музиката, што веднаш ја разбудило љубопитноста кај водителите.
„Кој е изведувачот и за што се пее во песната?“, го прашал водителот.
Ибрахимовиќ, во свој препознатлив стил, кратко одговорил:
„Не можам да ти објаснам. За љубов.“
Ситуацијата дополнително ги насмеала гледачите бидејќи легендарниот француски напаѓач Тиери Анри, кој исто така беше дел од студиото, се обидувал да ја прикрие непријатноста гледајќи во својот мобилен телефон.

Но, тоа не бил единствениот потег со кој Златан привлече внимание во текот на денот.
Само неколку часа подоцна, наместо да биде покрај телевизискиот пренос на натпреварот меѓу Шведска и Тунис, Ибрахимовиќ присуствувал на УФЦ-настан во Белата куќа.
Таму се сретнал со поранешниот американски претседател Доналд Трамп и неговата сопруга Меланија Трамп, а фотографиите од нивната средба брзо се проширија на социјалните мрежи.
Уште еднаш, Златан покажа дека и по завршувањето на играчката кариера останува една од најинтересните и најхаризматичните личности во светот на спортот.






