Радио Милева како од бајките

Ѕирнете во замокот на Драгана Мирковиќ – Пејачката не штедела на велигденските украси (видео) 

Ѕирнете во замокот на Драгана Мирковиќ – Пејачката не штедела на велигденските украси (видео) 

Внатрешноста на замокот на Драгана Мирковиќ изгледа како од бајките.

Драгана Мирковиќ сподели видео од својот дом и покажа како го украсила замокот во Виена за најрадосниот христијански празник.

Во видеото можеме да видиме луксузна сала во класичен барокен стил: високи тавани со златни орнаменти, импозантни лустери и огледала во богато украсени рамки. Сè зрачи со елеганција и винтиџ луксуз.

Сепак, она што веднаш паѓа во очи е колку внимание било посветено на велигденското украсување. Централниот дел на една соба е украсен со златни гранки во вазна, покриени со шарени јајца и фигурини од зајачиња. Масите се поставени со вкус, а веселите тонови на украсите му даваат разигран шмек на целиот простор.

Посебно интересен детаљ е фигурата во форма на зајаче, облечена во шарена облека, со шолји избалансирани на шепите и главата. Има и украсни свеќи, јајца со цветни мотиви и мали фигури кои потсетуваат на традиционалните европски велигденски саеми.

 

фото: printscreen/instagram/dragana_mirkovic

 

To top