Сања Кужет неодамна поради бременоста го напушти водителството на музичкиот натпревар „Ѕвездите на Гранд“, но иако се повлече од јавноста, харизматичното ТВ лице редовно на социјалните мрежи споделува моменти од бременоста.
Таа во оваа прилика сподели невидени кадри од нејзиниот стан во центарот на Белград и ги воодушеви своите следбеници со луксузот во кој ужива.
Имено, на видеото кое го објави на својот Инстаграм профил се гледа дека станот на Сања е исполнет со светли тонови, а во дневната соба се истакнува голем беж комплет со златни детали, како и полица во иста боја.
Посебно се забележува мермерниот ѕид и зелената фотелја, кои заедно со перницата во иста боја додаваат свежина во просторот. Покрај тоа, масичката е украсена со прекрасна вазна со свежи лалиња, што дополнително придонесува за елегантниот и луксузен изглед на станот.
Инаку, иако наскоро очекува принова, Сања не го запоставува својот луксузен простор за живеење.
Во видеото кое го сподели, водителката зрачи во лелеаво син фустан, покажувајќи ја сета своја елеганција, додека го чисти својот дом со правосмукалка.
За потсетување, долгогодишната водителка на натпреварот „Ѕвезде Гранда“ Сања Кужет се повлече од јавноста поради бременост, а на нејзино место дојде пејачката Ана Севиќ.
фото: printskrin/instgaram/sanja_kuzet