Водителката Сања Маринковиќ (50) ги спакува куферите и отпатува за Хрватска, од каде што се огласува речиси секој ден.
Сања сега позираше во хотелската соба, направи селфи во огледало, облечена во бикини над кое додала мрежест фустан со светки.
Покрај нејзиниот добар изглед, посебно внимание привлече и описот на фотографијата.
View this post on Instagram
– На Балканот тежнееме кон претерување во се, особено во јадење, пиење, обврски, работа, безделничење, мажи, жени, трошоци, жалење, критикување. Понекогаш ми се чини дека најголемиот дел од животот го поминуваме изговарајќи реченици кои станале дел од нашиот јазичен фолклор: ме мрази, ме нервира, ме притиска, ме растажува… Како да се бориме со јазикот или менталните навики што побрзо?! Како да научите да ја замените реченицата „Морам да…“ со „Треба…“? Грижата за себе е најважна работа, се трудам и не е лесно, но убаво е – напишала Сања.
фото: printskreen/instgaram