Радио Милева платил вистинско богатство

Здравко Чолиќ со години чека да се всели во луксузниот стан на хрватското приморје: Еве во што е проблемот

Здравко Чолиќ со години чека да се всели во луксузниот стан на хрватското приморје: Еве во што е проблемот

Пејачот Здравко Чолиќ сè уште чека да се всели во луксузениот стан на хрватското крајбрежје, кој го купил пред неколку години.

Иако потрошил значителна сума за овој имот, датумот на вселување постојано се одложува, што значи дека тој ќе може да влезе во својот нов дом најрано напролет 2027 година.

Чола купи стан во 2023 година. Имотот се наоѓа во близина на Пула, во рамките на луксузен станбен комплекс кој се состои од пет згради со вкупно 150 станови. Локацијата добива посебна вредност благодарение на погледот кон морето и марината, како и поради својата положба на возвишение над крајбрежјето.

Во времето кога пејачот го купил станот, цената по квадратен метар изнесувала приближно 5.500 евра, што дава претстава за сумата што тој морал да ја вложи.

Иако купувачите очекуваа комплексот да биде завршен порано, изградбата сè уште трае, а административните процедури создадоа дополнителни компликации.

Додека пак, за тамошните медиуми хрватска агенција за недвижности, која посредува во продажбата на овие станови, потврдила дека до завршувањето на проектот има уште многу време.

foto:printscreen/instagram/zdravko.colic

To top