Радио Милева емотивно

Зарем не е тажно што мораше да го направи ова, речиси очајно?!“Пријателите на Кејт Мидлтон бесни што ова се случува (фото)

Зарем не е тажно што мораше да го направи ова, речиси очајно?!“Пријателите на Кејт Мидлтон бесни што ова се случува (фото)

Кејт Мидлтон пред две недели одлучи да и соопшти на јавноста дека боледува од рак. Најавата во форма на емотивна видео порака ја виде светлината на денот на 22 март.

Во меѓувреме се знаеше дека принцезата од Велс имала тешка операција на стомакот на 16 јануари во болница во Лондон каде била до 29 јануари. Во првото соопштение за медиумите од палатата Кенсингтон на 17 јануари, беше наведено дека нејзиното закрепнување ќе трае два до три месеци. Во тек е првата фаза од лекувањето на болеста.

Сега се огласија и пријателите на сопругата на принцот Вилијам и го  коментираа нејзиното аобраќање, односно одлуката да објави детали за нејзината здравствена состојба.

„Пораката на Кејт беше толку искрена“, изјави пријателката Кеј Мидлтон за The Sunday Times, додавајќи: „Зарем не е тажно што таа мора да биде толку искрена и да го сподели сето тоа поради сите глупости што се случуваат? Се чувствувам како целиот  свет да ја озборува и има толку многу ср*ња за неа и нејзиното семејство. Беше речиси очајно што таа мораше да го стори тоа“.

Пријателите на Кејт Мидлтон, се многу лути поради сите теории на заговор за принцезата, кои кружат откако се појави веста дека принцезата е оперирана. Серијата скандали  иницираа уште повеќе шпекулации кои дури излегоа од контрола.

Фото: printskrin/instagram/_kate_middleton_royal

To top