Општина Кисела Вода одржа на прес-конференција по повод годинешното „Културно лето“, кое се организира во пресрет на 71-от роденден на општината.

Манифестацијата ќе се одржи од 26 до 28 јуни под слоганот „КИСЕЛА ВОДА – НАЈСТАРАТА СКОПСКА ПРИКАЗНА, 71 ГОДИНА КУЛТУРЕН ПЕЧАТ НА ГРАДОТ“, на повеќе локации: Драчево (Крст), Парк Расадник, Парк Шопен и Парк Македонија.

Деталите за програмата, ги претстави градоначалничката Бети Стаменкоска Трајкоска и дел од изведувачите.
– Чест и задоволство ми е да го најавам ова што доаѓа а тоа е роденденот на општината и долгоочекуваното културно лето. Верувам дека со оваа програма каде сите генерации се опфатени не само во општината туку и сите се добредојдени, истакна градоначалничката Бети Стаменкоска Трајкоска.

Во недела претпладне, паркот Македонија ќе биде центар за најмладите каде во рамки на „Семеен ден“ присутните ќе имаат можност повторно да ги чујат хитовите од детскиот фестивал „Киселко“ и да го проследат настапот на танцувачкото училиште „Данса Латина Стефи“. Истата вечер, одличната фестивалска програма продолжува во паркот Расадник – информираат од Културно лето.

Официјалниот ден на општината, 29-ти јуни, традиционално ќе биде одбележан во поформален амбиент, преку свечена седница на Советот на Општина Кисела Вода, на која најзаслужните граѓани ќе добијат статуетки-клучеви како признание за нивниот траен белег во општината.
фото:курир.мк






