Иако важеа за најскладен пар, во строга тајност се водат дури две судски постапки – во Минхен и на Мајорка. Главен камен на сопнување се луксузната јахта и вилата вредна 4,5 милиони евра, додека богатството на поранешните сопружници се проценува на повеќе од 100 милиони евра.
Разводот на некогашната спортска двојка Ана Ивановиќ и Бастијан Швајнштајгер повторно е во центарот на вниманието на сите светски и домашни медиуми. Сепак, овој пат акцентот не е само на прашањето за нивниот личен статус, туку на проблемите кои настанаа поради распределбата на имотот.

Иако долго време важеа за еден од најскладните славни парови, во последната година скандалите на познатиот германски фудбалер само се нижат, додека поранешната тенисерка мудро молчи, ужива во новата тајна љубов и на својот Инстаграм покажува само моменти на уживање.Тајни процеси на две локацииСега до медиумите стигна веста дека во строга тајност се водат дури две судски постапки по повод разводот на Ана и Бастијан. Така, едната постапка се води во Минхен, а другата на Мајорка, додека во центарот на спорот е поделбата на имотот. Како што пренесува германски „Билд“, главен камен на сопнување е луксузната јахта, чија вредност се проценува на речиси половина милион евра, а таа има две спални кабини, бања и кујна.
Покрај пловилото, спорна е и познатата вила на Мајорка, чија вредност е околу 4,5 милиони евра. До раздор околу оваа недвижност дојде бидејќи Бастијан бара половина од парите од нејзината вкупна вредност, за што Ивановиќ не сака ни да чуе. Оваа куќа, во која таа остана да живее по разводот, Ана ја купила пред бракот, додека тие само заеднички ја реновирале пред неколку години, поради што тој нема право да бара таа да биде предмет на поделба. Вилата се наоѓа во населбата Сон Вида, еден од најубавите мирни делови на Шпанија. Во дворот има спортски терени, а куќата е уредена во минималистички стил со бели, беж и сиви тонови. Според пишувањата на германските медиуми, недвижноста се протега на 950 м², има пет спални соби, четири бањи, базен и тениски терени. Во реновирањето Ана инвестирала околу два милиони евра, а самиот имот е голем речиси 6.000 м².

Новата партнерка ги диктира условите?
Да потсетиме, еден од главните иницијатори Бастијан да се бори со поранешната сопруга до последен цент е никој друг туку неговата сегашна партнерка, Бугарката Силва Капитанова. Добро упатен извор за медиумите ја открива позадината на овој семеен слом:„До овие судски постапки можеби немаше ни да дојде доколку Силва не инсистираше Бастијан да го земе сето она што законски му припаѓа. Тој можеби ќе попуштеше и никогаш немаше да дојде до оваа грда ситуација меѓу Ана и него да ја немаше неа. Сè можеби ќе се решеше по мирен пат. Сепак, бидејќи настана овој проблем, а таа е упатена во сè од самиот почеток, бидејќи поради неа бракот и се распадна, Силва инсистира да се оди до крај и Бастијан да не ѝ даде ништо на Ана, освен она што ѝ припаѓа по закон. Во прашање се огромни пари и бројни недвижности.
фото:Instagram printscreen/anaivanovic






