Фијаското од настап на Владо Георгиев во Херцег Нови беше топ тема во медиумкте и социјалните мрежи.
Како што може да се види на видеото, Герогиев не може да одржи рамнотежа, се тетерави лево-десно, се обидува да отпее стих од неговите песни, а потоа почнува да се качува по скалите на бината пред да се сопне и за малку да падне.
После ваквата снимка која стана вирална, Владо се огласи со свој коментар кој дипломатски го испрати како порака до сите, оние што го сакаат, а и другите кои и не му се така симпатично наклонети.
На социјалната мрежа Икс тој порача:
„Денеска ме убиваат емоциите. Луѓе, ви благодарам. Ова е ваше дело, не мое“, напиша Георгиев, објавувајќи неколку фотографии од концертот.
Ubiše me emocije danas…hvala vam ljudi, vi ste ovo napravili, nisam ja #koncertnavodi2 VOLIM VAS DO NEBA ❤️❤️❤️ pic.twitter.com/Ks387vVgkJ
— Vlado Georgiev – Barba (@VladoGeorgiev) July 28, 2024
фото:Instagram printscreen/ vladogeorgiev