Мегафон

Владимир Четкар со концертен настап во Скопје на 20-ти септември

Владимир Четкар со концертен настап во Скопје на 20-ти септември

Четкар ќе настапи со сопствена авторска програма и аранжмани кои ќе варираат од Џез до Диско жанровите поврзани меѓу себе преку софистицираните улички на Соул и Фанк музиката.

На концертот во Скопје, македонскиот музички амбасадор кој е еден од најиздаваните и најремиксаните авторски музичари од југоисточна Европа во светот ќе биде придружуван од врвни македонски музичари и инструменталисти како Ѓоле Максимовски на бас, Дино Милосављевиќ на тапани, Филип Стевановски на тромбон, Демир Кантуровски на труба, Борислав Веселинов на тенор саксофон и Филип Димишковски на клавијатури.

Картите за овој концерт се веќе пуштени во продажба и можат да се набават во вредност од 600 денари на неколку локации низ Скопје меѓу кој Тренд во Сити Мол и Плоштад Македонија како и Шпајз Кафана во Дебар Маало.

Вратите се отвараат во 21 часот, а концертот ќе започне во 22 часот.

To top