Една од нашите најубави и атрактивни дами од јавниот живот, моделот, мисица и актуелна ТВ водителка Вера Мештеровиќ каде и да се појави мажите ги остава остава подзинати.
И пред камери и на настани или некаде сосема приватно, Вера секогаш изгледа фасцинантно.
Иако мајката природа ја надарила со убавина, висина и доволно бујни атрибути, Вера добро знае дека убавината колку да е природна и од Бога даедена, мора да се негува!
Така теретаната на водителката и е како втпор дом, па таму расната Вера ја билда рамната снага, рацете и нозете. Методите проверени, а погледите вперени во расната убавица додека го билда својот стас.
Работните обврски и се такви да не мора секојдневно да биде пред камери, ротираат со колешките на утринска, ама биоритмот на Вера е таков што дури и кога не мора да се разбуди рано, таа тоа го прави поради друга задолжителна обврска- негувањето, одржувањето на здравиот дух и тело.
За тоа Вера има дури и личен тренер, така што од вежбите нема никакви отстапки.
Полна со елан и самодоверба, убавата Вера веќе следното утро е подготвена да блесне пред камерите.
Да се насмевне на гледачите и да ја пренесе својата позитива во домовите на верните гледачи на утринската „Здраво Македонијо“.
фото:Instagram printscreen/veramesterovic