Музичката ѕвезда Марија Шерифовиќ вчера, 14 ноември, го славеше својот 40-ти роденден, поради што се огласи со емотивна објава на мрежите.
Имено, Марија објави фотографии со малиот син Марио и покажа како тие заедно уживаат далеку од Србија.
Таа објави две фотографии од кои на едната позира на плажа во костим за капење, држејќи го наследникот во раце и насмеана, додека другата е снимена на тераса од стан со нереален поглед на градот.
На едната, како и на другата, го држи својот миленик во раце, а со сето тоа, се чини, Марија, никогаш поемотивна, напиша кратка ретроспектива на својот живот:
View this post on Instagram
Четириесет години… Патување исполнето со предизвици и победи! Секоја година ми даваше нешто скапоцено – лекции, љубов, сила, а понекогаш и тишина што ме потсети колку е важно да застанам и да бидам благодарна, но најголемиот подарок што може да ми го даде животот е – мојот син. Моето сонце и најубавите зраци. Мојот мал учител. Тој е причината што секој момент добива длабока смисла“ – рече Марија во својата објава и продолжи:
„Му благодарам на животот за сите искуства, на сите луѓе кои поминаа низ мојот свет, за секој момент што ме обликуваше. Оние кои го сочинуваат мојот живот денес се сè што ми треба. Нека следните четири децении бидат уште подлабоки и уште поблиску до она што навистина значи да се живее. На секој чекор, со благодарност во срцето“.
фото: printscreen/nstagram