Поп-пејачката и харфистка Сара Мејс често наоѓа време за себе и покрај бројните обврски, па така и сега реши малку да се среди.
Овој пат таа одлучи да направи чистење на кожата на лицето со третман во еден од козметичките салони. Дека ужива во тоа да се почести себеси со нега, покажа и сега.
Пејачката секогаш била отворена за она што го работи на себе и својот изглед, па повторно јавно откри што направила на лицето и како се чувствува.
Сара го сними моментот додека траел третманот, а во вакво издание ниту нејзиниот сопруг, водителот и маркетинг менаџерот Димитар Анатасовски кој често знае да ја „улови “ во необични ситуации, не би ја препознал во вакво издание.
На нејзиниот Инстаграм профил на кратката приказна, која секојдневно ја полни, таа сподели клипче со кое на следбениците успеа да им го задржи вниманието.
Во крупен кадар таа го покажа своето лице зад маската налик на космонаут, со што потврди дека естетските третмани колку и да се во границите на нормалата не се толку едноставни, а на следбениците им објасни што навистина значи кога ќе речат „шлаг на тортата“.
Нема сомнеж дека Сара ги следи иновативните решенија кои и дозволуваат да изгледа свежо и негувано, без да го промени личниот опис како и да го задржи природниот младешки изглед.
А сопругот Димитар? Сега „цути“ од среќа, што неговата Сара од „позеленета“ сега изгледа уште поубаво, свежа, „узреана“ и од уво до уво насмена!
фото: printscreen/instgaram/sarahmace__