Радио Милева Болка што нема крај

„Твојата песна никогаш нема да згасне“ – Симона Поповска „скршена“ поради смртта на пријателот, откри кои зборови си ги размениле кога ја испеа „Ако утре ме нема“(фото)

„Твојата песна никогаш нема да згасне“ – Симона Поповска „скршена“ поради смртта на пријателот, откри кои зборови си ги размениле кога ја испеа „Ако утре ме нема“(фото)

Трагедија која се случи во Кочани за време на настапот на групата „ДНК“ предизвикана од  големиот пожар,  поттикна  реакции кај многубројните познати личности  кои  изразија сочувство и неверување преку социјалните мрежи.

Меѓу нив се огласи  пејачката и докторка Симона Поповска која напиша емотивна порака и  се прости од Андреј  – „ДНК“, а  обелодени и кои зборови си ги  размениле кога ја испејал „Ако утре ме нема“.

„Сакам само да е лош сон .
Постојат луѓе кои не само што минуваат низ нашиот живот, туку оставаат трага што никогаш не се брише. Таков беше ти… пријател, брат по душа! Се разбиравме на посебен начин – бевме двајца емотивци кои ги боли кога гледаат неправда, кои често се жалеа еден на друг колку е тешко да го гледаш тоа, а да не можеш секогаш да направиш нешто!
Кога ја испеа ‘Ако утре ме нема’, веднаш ти пишав дека ја пееш на поразличен начин’. Подоцна ми напиша: ‘Знаеш каков сум, емотивец…’ и знаев дека таа песна беше дел од твојата душа. Но сега не можам да не помислам… како баш таа песна????како да го предвидовме ова што се случи!!!Не сакам да верувам дека тоа беше некаква зла судбина

Вчера не можев да спијам. Нешто ми тежеше на душата, не знаев зошто, ама длабоко во себе како да почувствував дека нешто не е во ред. И утринава, кога ја слушнав страшната вест, сè ми стана јасно… Знаев каков си, знаев дека не би дозволил да гледаш како некој друг страда, а ти да се спасиш. Би го дал и животот за да помогнеш. И го даде…
Знаеше да ми кажеш дека музиката ти е мелем за душата, особено кога некои поединци во музиката ти го правеа патот потежок. А ти, дури и тогаш, пееше со полно срце, со љубов и искреност.

Сега пеј таму горе, пријателе… пеј за ангелите, со истата страст со која пееше за сите нас овде. Ќе наздравам за тебе во твојот омилен „Irish pub“ на местото каде што споделувавме толку многу приказни, мечти и тешки мисли.

Фалиш… и ќе фалиш секогаш. Но знам дека твојата песна никогаш нема да згасне. Почивај во мир, хероју !!!! –  гласеа зборовите кои ги напиша Симона.

Пејачката Симона  Поповска проговори за страшната трагедија и од аспект на докторка и  испрати  сочувство  на својот Инстаграм профил  до секое семејство кое што изгуби дете.

„ Како доктор, знам што значи да се бориш за еден живот — секој здив е надеж, секој отчукување на срцето е победа. Но како пејач, оваа трагедија ми го стисна срцето на начин што не можам да го опишам. Музиката е создадена да спојува луѓе, да донесе радост, љубов и незаборавни спомени. А сега, токму во мигот кога тие млади души уживале, пееле и се смееле — се случи најстрашното.
Сето она што требаше да биде ноќ на среќа се претвори во ноќ на солзи, страв и тишина што вреска од болка!!!
Ми тежи како доктор што не можам да помогнам на секој што страда. Ми тежи како пејач што токму музиката, која треба да биде симбол на радост, стана сцена на трагедија. Ми тежи како човек, што светот изгуби прекрасни млади души…

Мислам на секое семејство што изгуби дете… на секој пријател што изгуби некого што го сака… на сите што сега се борат за живот.
Во оваа неизмерна болка, единственото што можеме е да ги сакаме нашите најблиски уште посилно, да ги прегрнеме уште потопло и да не заборавиме колку е животот кревок!!!!

Почивајте во мир, ангели… вашата светлина никогаш нема да згасне. Нека спомените за вас живеат вечно“.

 

фото: printscreen/instagram

To top