Општо познато е дека во градина каде што се сади зеленчук, треба да се додадат и цветни растенија што ќе привлечат опрашувачи, но и ги гонат штетниците. Можеби едно од најдобрите цвеќиња за оваа намена е цинијата – незаменливо украсно растение во градините.
Цинијата вирее на целосно сончеви места и не сака студено време, а доволно ѝ е само умерено наводнување. Нејзиниот цвет личи на маргаритка. Ова цвеќе во обем достигнува до околу 15 сантиметри, а има и прилично цврсто стебло, па преживува и без потпора. Можеби единствениот недостаток е што цвета само налето, односно три месеци во годината. Чувствителни се и на пресадување, па и тоа треба да се има на ум.
Но, бидејќи цвета лете во различни бои и облици, цинијата е одличен избор и како кастрено цвеќе, оти така трае подолго и ја задржува својата изворна боја и свежина.
Најубави се кога се садат во букет, а одлично изгледаат и меѓу украсни жалфии. Ако на сѐ тоа се додаде фактот дека се отпорни на суша и привлекуваат корисни инсекти во градината, циниите се уште подобар избор.
Доколку се садат од семиња, на пролетна топла почва, доволно е само плитко да се расее семето по исчистената и подготвена патека и да се покрие со слој темно ѓубриво компост. Семките од цинија се крупни и лесно ќе го пробијат тој слој, а со редовно полевање ќе никнат за неколку дена. Потоа треба само да се следат и да не бидат обраснати со плевел. Со правилно одгледување, растението ќе порасне за еден месец по сеидбата.
Проблем што може да се појави е тежината на растението, особено кај високите сорти. Затоа, ако изгледа дека саксиите може да се скршат, потпрете ги со дрвени колци.
фото:Freepik