Живот и стил

Трик на домаќинките за најдобра кисела зелка

Трик на домаќинките за најдобра кисела зелка

Подготовката на зимница е во полн ек, а покрај традиционалното подготвување на ајвар, многумина се одлучуваат да подготват и кисела зелка.

Доколку сте почетник, ви ги пренесуваме сите правила за кисела зелка за да ја одржувате вашата зимска зелка свежа со месеци.

Наједноставниот рецепт

Килограм сол се додава на 30 кг зелка. Прво, потребно е да се отстранат првите лисја, потоа се сече крст на коренот, а главите потоа се редат во буре. Со оглед на тоа што се тркалезни и не може убаво да се наредат, неколку главици зелка треба да се исечат на четвртинки и половини и да се напикаат меѓу сите глави за да стојат цврсто сите.

Потоа во бурето се истура вода, така што горе е два прста над главите, а одозгора се става дрвена или пластична преса.

Луѓето обично ставаат камен или поголема тегла наполнета со вода на пресата и тоа е во ред кога бурето е полно до работ.

Меѓутоа, ако оставите простор, ризикувате зелката да се расипува побрзо, поради дотокот на воздух. Во овој случај, најдобро е да наполните голема пластична кеса со вода и да ја ставите над зелката.

Не преливајте со саламура

За да не преливате со саламура, ви го предлагаме следниот трик – преку водата раширете подебела ткаенина, па додадете сол.

Така, солта полека ќе се раствори и ќе падне на дното на бурето.

Температурата е важна

Се додека не се скисели, зелката мора да стои на собна температура. Не смее да биде премногу студено. Подоцна, зелката треба да се премести на поладно место каде што температурата не треба да надминува 5 °C.

Контролирајте ја количината на вода

За време на еден месец киселење, неопходно е периодично да се контролира количината на вода во бурето, особено во првите денови.

Зелката не треба да биде без вода, па дополнете ја доколку е потребно. Ако користите камен или сад, задолжително плакнете ги барем секој втор ден.

извор:popara.mk
фото:Freepik

To top