Откриен е идентитетот на жената која му ја оставила на музичарот Тони Монатно последната порака.
Велибор Миљковиќ, попознат како Тони Монтано, бил пронајден мртов откако сестрата на неговиот вујко најмила бравар да упадне во станот бидејќи тој не се јавувал на телефон.
Екипа на СХМП излегла на местото на настанот и констатирала смрт. Увидна екипа извршила увид и го запечатила станот, при што било констатирано дека нема траги на насилство.
На вратата од станот е залепена и порака: „Тони, јави ми се, не си достапен“ со телефонски број, кој го оставила мистериозна жена чиј идентитет на почетокот не бил познат. Како што откриваат тамошните медиуми, станува збор за Анастасија, која е агент за недвижности, а која била на лице место во моментот кога дошла полицијата.
„Јас повикав полиција. Бев пред станот кога го најдоа во ужасна состојба. Најверојатно починал пред неколку дена“, изјавила Анастасија за Курир.
Да потсетиме, музичарот пред смртта го продал станот во кој живеел.
фото: printskrin/instagram/