Радио Милева отворено

„Тој филм нема смисла“: Сандра Булок откри од која улога се срами (фото)

„Тој филм нема смисла“: Сандра Булок откри од која улога се срами (фото)

Актерката Сандра Булок глумела во бројни филмови и е добитничка на Оскар.

Една од првите улоги што Сандра Булок ја одигра во филмот „Брзина“ во кој нејзин партнер беше Кијану Ривс. Ова остварување постигна одлична гледаност, па се снима и продолжение.

Киану Ривс неодамна откри зошто не сакал да глуми во филмот „Брзина 2“ и бил заменет од Џејсон Патрик.

Сепак, продолжението не успеа да го постигне успехот на оригиналот, а Сандра еднаш изјави дека жали што глуми во овој филм.

„Имам филм кој никој не го прифати и се уште ми е срам што глумев во него. Се вика „Брзина 2“. Зборував многу отворено за тоа. Нема смисла. Бавен брод. Полека оди кон островот“, рече таа, пренесува Variety.

„Тоа е еден од оние филмови што посакувам да не го снимав, не познавам  ниту еден обожавател“, нагласи актерката.

фото: printscreen/instgaram

To top