Радио Милева Солзите зборуваа повеќе од било која реченица

Тијана Дапчевиќ плачеше пред камера кога тема на прашање дојде семејството: „Децата многу ми фалат“ (видео)

Тијана Дапчевиќ плачеше пред камера кога тема на прашање дојде семејството: „Децата многу ми фалат“ (видео)

Скопје- Белград, релација која и тоа како е честа за Тијана Дапчевиќ која е мажена во Србија, а веќе години наназад оваа рута за преку граница и е редовна дестинација.

Коренот, крвта, семејството, влече кон дома, па токму затоа за неа и како да  чувствуваме дека е отсутна од дома.

Но таа тоа го чувствува, и тоа силно, а тие петстотини километри знаат и да прдизвикаат солзи кога на Тијана ќе и се спомне Македонија, и она што најмногу и фали.

Тимот на „Бекстејџ“ ја имаше пред камера за време на една нејзина неодамнешна посета на Скопје, па кога дојде на ред оваа тема, Тијана не можеше да ги задржи солзите.

Неодамна Тијана беше во Македонија по повод роденденот на мама Брана, а не ретко знае да биде дел и од настапите на помалата сестра и дополнително да ја кренат атмосфеерата.

Целиот прилог наскоро кај Бекстејџ

Фото:Instagram printscreen/backstage_macedonia

To top