Пејачката Теа Таировиќ е позната како некој кој ја крева атмосферата каде и да настапува.
Енергијата на нејзините концерти е неверојатна, а Теа уште повеќе ја подгрева со жешкиот танц и настапот што и го приредува на публиката.
За атрактивниот изглед на пејачката нема потреба да се зборува, сликите зборуваат сами за себе, а ако на тоа се додаде колку пеколно изгледа во костим за капење, се е јасно.
Теа објави неколку фотографии на Инстаграм во црвен костим за капење на кој изгледа неверојатно.
Пејачката направи селфи во огледало покажувајќи ја својата извајана фигура на која редовно работи и преку тренинзи и преку танцување, кое и е секојдневна активност во животот.
Сите се согласуваат дека Таировиќ изгледа неверојатно и дека ја загрева температурата во овие студени денови.
Теа го покажа и своето лице без шминка, докажувајќи дека не е роб на трендовите и филтрите, а на нејзиниот исончан тен среде зима ќе и позавидат многу жени.