Промотер

Тамара Тодевска „заглавена“ во музички „Лавирит“ од кој нема бегање од убаво (ВИДЕО)

Тамара Тодевска „заглавена“ во музички „Лавирит“ од кој нема бегање од убаво (ВИДЕО)

„Лавирит“ е насловот на новата песна на Тамара Тодевска која како и секогаш е непогрешлива во изборот и создавањето на нови музички композиции.

Овој пат повторно работи со својот проверен ко- партнер за авторство на музиката и аранжманот – нејзиниот пријател, композиторот Роберт Билбилов, додека текстот исто така е игра на докажано добитниот спој со  Игор Џамбазов кој се појавува и во спотот, односно воведот од приказната заедно со Тијана Дапчевиќ.

Лабав и лесен летен ритам за потпевнување кој „вози“ баш онака како во спотот каде  Тамара како и многупати досега од видеата за песните, таа е зад воланот. Реализацијата на спотот пак ја потпишува Зоран Зонде Стојановски.

Друштво од совозачко и од задно седиште и прават најмилите, ама и речиси пола македонска естрада:

Ќерката и синот, Хана и Дарен, нејзиниот партнер Лука Радовиќ, татко ѝ Велко, мајка ѝ Брана, Kaтарина Ивановска, Весна Петрушевска, актерите Тино и Атанас, Сара и Димитар со децата, Мартија Станојковиќ, Лара и Пајак, Зоки Бејбе, Сергеј Варошлија …

Целото  сценарио нималку случајно да вака добро ги повози сите низ својот музички „лавиринт“ каде од убаво бегање нема, а за истото таа вели:

-„Лавиринт“ е веќе достапна на мојот YouTube канал. Видео записот го направивме во сорабтока со голем вел на наши артисти, пејачи, актери, мои пријатели и долгогодишни соработници.
Идејата на ова „обединување“ беше да се потсетиме малку на минатото, кога дружбите меѓу колегите и уметниците беа секојдневни и многу позастапени од денеска.
Се надевам дека „Лавиринт“ ќе биде вашиот нов летен хит.
Благодарност до сите кои учествуваа во создавањето на спотот, пишува Тамара.

Погледнете:

фото:You Tube printscreen/ Tamara Todevska

To top